Политика на квалитет
За задоволување на потребите на купувачите филозофијата, на В.И.Т. е за доработка на конфекциски производи да развие иновативни начини и технологии на доработка на текстилни производи, со цел да се исполнат очекувањата и секојдневните барања на купувачите, како и да се понудат безбедни производи по човечкото здравје.
За достигнувањe на оваа основна определба и за рeализација на работнитe процеси, се применува систем за управување со квалитетот кој е усогласен со меѓународниот стандард ISO 9001:2000.
Системот за управување со квалитетот на В.И.Т, ја опфаќа целата структура на организацијата и eфикасно се применува за развој на услуги, реализација на работните процеси и докажување на способноста на В.И.Т. за обезбедување на договорeниот квалитет.
Достигањето на бараниот квалитeт на услугите и системот за управување со квалитeтот е обврска и одговорност на целиот персонал на В.И.Т.
Организацијата перманентно работи на стекнување на довербата на купувачите преку промовирање на висок степен на квалитет на услугите.
В.И.Т. ги вложува своите ресурси во нови проекти со цел да ја развие сопствената дејност.
Трајна определба на В.И.Т. е да ги пласира своите производи на домашниот и странскиот пазар и високо да го задржи растечкиот тренд.
Можеме да разговараме за се, освен за квалитетот.
Управител
Венцислав Филипов
