Историјат
1994 - После турбулентниот транзициски период кој го зема данокот врз ефикасноста на државно контролираните фирми во Македонија, многу фабрики за производство на облека во приватна сопственост се појавија. Новите претприемачи донесоа со нив декади на искуство.
Но услуги за крајна доработка на облеката не постоеа во земјата. Затоа господинот Венцислав Филипов, текстилен инжињер со 30 годишно искуство одлучи да го оформи В.И.Т. и започна да гради нова фабрика.

1996 - Фирмата стартуваше со работа во нова зграда, внесувајќи во процесот луѓе кои имаа големо искуство во таа област.
1997 - Како лидер во областа компанијата веднаш започна да работи со глобални брендови како Liz Claiborne, Bueno Shirts.
2001 - Во соработка со одделот за развој од Технолошко-Металуршки Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, В.И.Т. започнува производство на тенцел, и доведува агресивен настап на пазарот. Проектот започнува нова симболична соработка помеѓу професорите од Универзитетот Св. Кирил и Методиј и компанијата В.И.Т. кое трае до денешен ден.
[slika od tencel]
2002 - Со купувањето на нова опрема, В.И.Т. го проширува сопствениот капацитет за процесирање на 5000 парчиња/ден камено перење или 4000 парчиња/ден тенцел или 20000 парчиња/ден обично перење на облека.


2003 - В.И.Т. е дел од Македонски конзорциум кој го купува Астибо, поранешен Југословенски магнат. Ова преземање му донесува на В.И.Т. нов производен погон и нова административна зграда.

2004 - Флорален парк е воспоставен во кругот на фабриката за крајана доработка на облека.
2006 - Компанијата се стекнува со ISO 9001:2000 сертификатот.

В.И.Т. е приватна компанија која постои од 1994 година. Тоа е компанија која работи во областа на доработка на конфекциска облека во Македонија и е лидер во оваа област во државата со постојан пораст на приходот од 60%. Во 2004 година компанијата оствари приход од 470.000,00 евра што претставува врвно достигнување за една македонска компанија. Денес оваа компанија има најголем производствен капацитет во областа на доработка на конфекциски производи во државата со можност за доработка на 20.000 бр./ден конфекциски единици (обично перење) и 5.500 бр./ден џинс производи во сите можни расположливи технологии на доработка. Освен што се занимава со доработка на конфекциска облека, оваа компанија е и единствен овластен дистрибутер на производите од Новозимес, компанија за производство на хемикалии од Данска.
В.И.Т. како стручно оспособена, специјализирана организација за доработка на конфекциски производи, има развиено голема деловна соработка со многу институции, лаборатории, компании како и со државни организации за
утврдување на квалитетот на конфекциските производи.
Во деловните односи В.И.Т. дадената доверба ја враќа со квалитетот и брзина во реализацијата на услугите, со конкурентни цени.
Уверени сме, дека дејноста на В.И.Т. може да биде од интерес за работењето на организациите во развој, и ги покануваме фирмите поинтензивно да ги користат нашите услуги, искуства и можности за задоволување на нивните потреби.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |









